Вид збор: Сврзник
Во временски зависносложени реченици за поврзување истовремени дејства.
Додека била млада, била убава.
Слично со:
дури (сврз.)
Заедно со да и со не за ограничување на дејството.
Додека не те викнат, немој да влегуваш.
Во спротивни зависносложени реченици за сопоставување.
Поемата се состои од четири дела, од кои најголем е третиот дел, додека четвртиот опфаќа само седум стиха.