valley - онтологија

дол повеќе

мн. долови
Вид збор: Именка, машки род
Вдлабнато место меѓу два рида каде што тече или некогаштечела река.
Албански: luginë
Употреба: Географија
Примери:
Од обете страни на овој сув дол се издигаа карпести ридови.

долина повеќе

мн. долини
Вид збор: Именка, женски род
Издолжен, вдлабнат простор, рамнина меѓу ридови, обично по текот на река.
Албански: luginë
Употреба: Географија
Примери:
Густа магла ја исполнуваше долината.

казан повеќе

мн. казани
Вид збор: Именка, машки род
длабока котлина
Турски: kazan Албански: luginë
Употреба: Географија

котлина повеќе

мн. котлини
Вид збор: Именка, женски род
Рамнина опкружена со планини (обично покрај река).
Албански: luginë
Употреба: Географија
Примери:
По текот на реката се простира плодоносна котлина.

просек повеќе

мн. просеци
Вид збор: Именка, машки род
Долина меѓу планина.
Албански: luginë
Употреба: Географија