visit - онтологија

видовиште повеќе

мн. видовишта
Вид збор: Именка, среден род
гледање, посета, визита
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Пред четири години беше на видовиште во татковината и пак се врати тука, на туѓина.

визита повеќе

мн. визити
Вид збор: Именка, женски род
Посета, одење на гости.
Албански: vizitë
Примери:
Тој ги покани на визита, на кафе.

полаза повеќе

мн. полази
Вид збор: Именка, женски род
Прва утринска посета.
Примери:
Уште рано таа ни дојде на полаза.

посета повеќе

мн. посети
Вид збор: Именка, женски род
Одење кај некого на гости, на видување, на разговор.
Албански: vizitë
Примери:
Тој се сеќаваше на нејзините ретки, краткотрајни посети.
Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација на средба од службени потреби.
Албански: vizitë
Примери:
Официјална посета.
Редовен лекарски преглед на болен.
Албански: vizitë
Употреба: Медицина
Примери:
Лекарска посета.