vocabulary - онтологија

вокабулар повеќе

мн. вокабулари
Вид збор: Именка, машки род
Фонд на зборови, речничко богатство на еден јазик, на еден човек или на слој луѓе, на писател, книга и сл.
Албански: vokabular, fjalor
Употреба: Книжевен збор

лексика повеќе

(едн.) лексиката
Вид збор: Именка, женски род
Зборовен фонд, речнички состав на еден јазик, дијалект, на делата на некој писател или речнички слој изделен по некоја особеност (по потеклото, стилистичкото обележје итн).
Употреба: Лингвистика
Примери:
Интернационална лексика.

речник повеќе

мн. речници
Вид збор: Именка, машки род
Сите зборови на еден јазик; зборовите со кои се служи одделен човек, особено писател.
Албански: fjalоr, fond fjalësh, vokabular
Употреба: Лингвистика
Примери:
Богат е речникот на нашиот јазик.