waddle - онтологија

ганѕа повеќе

(се) ганѕаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се ниша при одење.
Албански: tundem
Примери:
Старците доаѓаа ганѕајќи се.

гега повеќе

(се) гегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се ганѕа, се ниша при одење, шанта со нозете.
Примери:
Селанецот си одеше гегајќи се.

патка повеќе

паткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се клати при одот, оди како пајче.
Албански: ec si patok

шанта повеќе

(се) шантаат
Вид збор: Глагол, несвршен
При одењето - се навала и на едната и на другата страна, се тетерави.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Така се шанташе во одењето.