water - онтологија

вода повеќе

мн. води
Вид збор: Именка, женски род
Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород.
Латински: aqua Српски: вода Албански: ujë Бугарски: вода Грчки: νερό
Примери:
Се напи вода од стомнето.
Воден тек или поголема водна површина.
Албански: ujë
Употреба: Географија
Примери:
Се брануваат сините езерски води.
Количество вода во кое нешто се вари, се пере и сл.
Албански: sasia e ujit
Примери:
Слатко од смокви се вари во повеќе води.

водица повеќе

Види и: вода (ж.)
мн. водици
Вид збор: Именка, женски род
вода
Употреба: Деминутив
Примери:
Измачуван од жедта со часови без водица, со изгорена душа.

водичка повеќе

Види и: вода (ж.)
мн. водички
Вид збор: Именка, женски род
вода
Употреба: Деминутив
Примери:
Ќе ми се исушиш без водичка.

водиште повеќе

Види и: вода (ж.)
мн. водишта
Вид збор: Именка, среден род
вода
Употреба: Аугментатив