weave - онтологија

доисткае повеќе

Види и: исткае (св.)
доисткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исткае сѐ што било за ткаење.
Албански: end të gjitha
Примери:
Ги доисткав килимите за внуката.

доткае повеќе

Види и: ткае (несв.)
доткаам
Вид збор: Глагол, свршен
Изработи ткаенина на разбој до крај.
Примери:
Го дотка килимот.

заткае повеќе

заткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ткае.
Примери:
Затка нов килим.

исткае повеќе

исткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изработи нешто со ткаење.
Примери:
Таа го истка платното за кошула.

наниже повеќе

Види и: ниже (несв.)
нанижат
Вид збор: Глагол, свршен
Надене на конец, направи низа (од бисер, од тутун, пиперки).
Албански: vë në pe, vargoj
Примери:
Нанижа црвени пиперки за сушење.
(се наниже) Помине долго време во нижење, се наработи со нижење.
Албански: vë në pe shumë, vargoj
Примери:
Денеска се нанижавме тутун цел ден.

наткае повеќе

наткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исткае во доволно или во големо количество.
Примери:
Наткала килимчиња за сите соби.

плете повеќе

плетат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изработува предмети со преплетување прачки, врвки и др.
Албански: thur
Примери:
Плете кошници, кошови.

плетка повеќе

мн. плетки
Вид збор: Именка, женски род
Начин на кој се плете чорап, џемпер и др.
Албански: thurrje
Примери:
Види што убава плетка!

плетка повеќе

плеткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плете
Албански: thur
Примери:
Не туку плеткај ги конците.

преплете повеќе

преплетат
Вид збор: Глагол, свршен
Едно со друго исплете, измеша.
Албански: ndërthuret
Примери:
Ги преплете прачките.

расткае повеќе

(се) расткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да ткае.
Албански: fillon të endë shumë

соткае повеќе

соткајат
Вид збор: Глагол, свршен
исткае
Примери:
Ќе ги соткае килимите.

соткајува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
исткајува

ткае повеќе

ткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод. и непреод.) Ткае платно.
Примери:
Денеска цел ден ткаев.

ткаење повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Производот на ткаењето.
Албански: endje, pëlhurë
Примери:
Донеси го ткаењето да го видиме какво е.

увива повеќе

Види и: увие (св.)
увиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со виење прави нешто, сплетува.
Албански: shpik
Примери:
Баба ќе ми увива волнени чорапи.

увие повеќе

увијат
Вид збор: Глагол, свршен
Со виење направи, сплете нешто.
Албански: endje
Примери:
Ми увила зелен венец.

уткае повеќе

уткајат
Вид збор: Глагол, свршен
Вметне со ткаење или во ткаење.
Албански: thurr, end