welder - онтологија

варилец повеќе

мн. варилци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што заварува метал, железо.

заварувач повеќе

мн. заварувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што заварува.
Употреба: Технологија
Примери:
Заварувачот го стави шлемот на глава и почна да работи.

швајсер повеќе

мн. швајсери
Вид збор: Именка, машки род
заварувач
Германски: Schweißer
Употреба: Технологија
Примери:
Вработуваат швајсери и монтери.