what - онтологија

каков повеќе

какви
Вид збор: Заменка
Заменска придавка со која се искажува прашање за особина, својство, карактеристика на некого или нешто.
Албански: çfarë
Примери:
Каква марка радио имате?
(било, макар каков) Во зависни конструкции во составите каков; со засилено неопределено значење - некаков, сеедно каков.
Албански: sidoqoftë
Примери:
Така се зароди во него мислата да дојде до макар каква ситница што ѝ припаѓа на девојката.
(било, макар каков) Во состав со честичките „годе“, „да“ кога се истакнува дека се задржува ставот, судот и покрај особините на поимот за кој станува збор или независно од нив; сеедно каков, каков било.
Албански: çfarëdo
Примери:
Какво и да е, туѓо е веќе.
(каков било) И со послаб квалитет, што едвај ги задоволува критериумите на категоријата во која припаѓа.
Албански: sidoqoftë
Примери:
Тоа не беше каков било фустан, туку фустан шиен од најпознатиот светски шивач.

што повеќе

Вид збор: Заменка
(прашална заменка) Во директно - и во индиректно прашање, со сврзничка употреба во дополнителни реченици.
Српски: што Албански: pyet
Примери:
Што сакаш ти од мене?