Вид збор: Сврзник
Во зависносложени временски (темпорални) реченици, во составот на зависната дел-реченица.
Кога дојде таа, тој веќе беше заминат.
Во условни зависносложени реченици, cо можен начин.
Кога би дошла, би ја видела оваа убавина.
Во условни зависносложени реченици, со надвременско значење за да се изрази особен вид (исполнет) услов.
Кога нема избор, настапува случајноста.
Во независносложени реченици кога во дел-речениците се одвиваат истовремени дејства, формално независносложени реченици.
Седи така замислен кога одеднаш забележува чудни сенки на ѕидот.