why - онтологија

зашто повеќе

Вид збор: Сврзник
Во причинска зависносложена реченица; затоа што.
Албански: pse
Примери:
Ние нема да го менуваме начинот на работа зашто вака имаме добри резултати.
Во исказни реченици.
Албански: pse
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Не знаев зашто си болен.

зошто повеќе

Вид збор: Прилог
Во прашање - поради што, заради што, од која причина.
Примери:
Зошто не дојдовте?
Во зависна прашална реченица.
Примери:
Му кажавме зошто го баравте.

оти повеќе

Вид збор: Прилог
Во прашални реченици.
Примери:
Оти не дојде?

чуму повеќе

Вид збор: Заменка
Датив од што, во употреба на зошто прил. при прашање за причината на нешто - поради, заради што? во контекст на негодување, возразување, несогласување.
Употреба: Архаизам

што повеќе

Види и: што (зам.)
Вид збор: Прилог
Во прашање за причината на дејството.
Примери:
Што си замислен?
При изразување желба.
Примери:
Ех, што не е тука сега татко ти, да те види како работиш.