Вид збор: Предлог
Отсуство, немање, недостиг, лишеност или изземање на нешто.
Јадење без сол.
Спротивно од:
со (предл.)
особина, карактеристика, квалификација
Човек без душа.
Отсуство на мал дел од целина, мал недостиг.
Помина месец без два дена.
начинско значење
Работевме без волја.
условно значење
Без ука нема наука.
допусно значење
Го избрале за шеф без исполнување на конкурсните услови.
Во состав со „да“ прави сложен сврзник во реченици со начинско значење.
Помина покрај мене без да ме погледне.
Во состав со „да“ прави сложен сврзник во реченици со условно значење.
Без да се испотиш добро, нема да оздравиш.
Во состав со „да“ прави сложен сврзник во реченици со допусно значење.
Петар со години високо котираше во партијата без да покаже некоја активност.
Во состав со „и“ означува пренебрегнување на искуството, на недостигот или на лишеноста.
И без твоја помош ќе се снајдам.
Со „не“ добива значење на присуство, постоење или вклученост на нешто (во извесен степен или целосно).
Го кажа тоа не без интерес / не без доза на иронија / не без страв.