you - онтологија

вас повеќе

Види и: вие (зам.)
Вид збор: Заменка
Долга форма за директен предмет и општа форма (со предлог) од личната заменка вие; кога не е со предлог, освен во поретки случаи, се употребува заедно со кратката форма ве.
Албански: ju
Примери:
Ќе ве видиме и вас што ќе направите.
Од почит - Вас Ве, Вас наместо тебе те, тебе.
Албански: ju lutem

ве повеќе

Види и: вие (зам.)
Вид збор: Заменка
Кратка заменска форма за директен предмет од вие.
Примери:
Токму вас ве видов вчера крај патот.
Како форма за учтиво обраќање - Ве.

ви повеќе

Вид збор: Заменка
Кратка форма за индиректен предмет од личната заменка вие; се употребува сама или заедно со долгата форма - вам ви.
Примери:
Дали ви кажаа?
Со именки што означуваат сродство има посвојно значење.
Примери:
Како е мајка ви?
Од почит - Ви (кон едно лице) наместо ти.

вие повеќе

Вид збор: Заменка
(вам, ви; вас, ве) Лична заменка за второ лице множина; се употребува за обраќање кон множество лица или кон едно лице како претставник на множеството.
Српски: ви Албански: ju Бугарски: вие
Примери:
Ако сакате, и вие дојдете со нас.
За учтиво обраќање - Вие (кон едно лице) наместо ти.
Албански: ju

те повеќе

Види и: ти (зам.)
Вид збор: Заменка
Кратка форма за директен објект од ти.
Примери:
Те молам
Оди заедно и со долгата форма.
Примери:
Тебе те пофалија, но мене не.

ти повеќе

Вид збор: Заменка
(тебе, ти; тебе, те) Кратка или долга форма за индиректен објект од ти.
Српски: ти Албански: ti Бугарски: ти
Примери:
Ти реков.
Со посвојно значење - со именки за сродство во некои обрати.
Примери:
Син ти, сестра ти.
Лична заменка за 2 лице еднина.
Примери:
Ти и јас.