Географија - категорија

Загреб повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Република Хрватска.
Англиски: Zagreb

залив повеќе

мн. заливи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од море, езеро или поголема река што навлегува во копното.
Англиски: bay Албански: gji
Примери:
Се шетавме покрај заливот.

запад повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Една од четирите страни на светот на која заоѓа сонцето.
Англиски: west Албански: perëndim
Примери:
Сонцето веќе клонеше кон запад.
Земјите од Западна Европа и САД како политички, економски и културен поим - Запад.
Англиски: West Албански: Perëndim
Примери:
Отиде на Запад да си ја бара среќата.

западен повеќе

западниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на запад.
Англиски: western Албански: perëndimor
Примери:
Западна страна.

земјиште повеќе

мн. земјишта
Вид збор: Именка, среден род
предел, област, крај
Англиски: area Албански: zonë
Примери:
Планинско земјиште.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш