Географија - категорија

лагуна повеќе

мн. лагуни
Вид збор: Именка, женски род
Плиток, крајбрежен дел од морето, целосно или делумно одделен со песочен нанос.
Англиски: lagoon Албански: lagunë

лакт повеќе

мн. лакти
Вид збор: Именка, машки род
кривина на река
Англиски: bend Албански: bërryl, lakim

лапа повеќе

мн. лапи
Вид збор: Именка, женски род
Поткопан брег на езеро или река.
Англиски: bank Албански: breg, pirg

Латвија повеќе

Вид збор: Име
Балтичка земја
Англиски: Latvia

Латиноамериканец повеќе

мн. Латиноамериканци
Вид збор: Именка, машки род
Жител на Латинска Америка со шпански односно португалски говорен јазик.
Англиски: latino

леденик повеќе

Види и: ледник (м.)
мн. леденици
Вид збор: Именка, машки род
ледник
Англиски: glacier Албански: akullnajë

ледник повеќе

мн. ледници
Вид збор: Именка, машки род
Дебел слој мраз што се формира во долините на високите планини и во поларните области и има способност да се движи кон реките или кон морињата.
Англиски: glacier Албански: akullnajë
Примери:
континентален ледник

Лерин повеќе

Вид збор: Име
Флорина, град во Леринска околија, (21º25' x 40º47'), Р. Грција
Англиски: Florina Грчки: Φλορινα

лес повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Раздробена маса составена претежно од кремен и глина.
Примери:
В плоден лес сив молчелив камен зреел.

Летонија повеќе

Вид збор: Име
Балтичка земја (Латвија)
Англиски: Letonia

Либан повеќе

Вид збор: Име
држава во Блискиот Исток
Англиски: Lebanon

Либија повеќе

Вид збор: Име
Држава во Северна Африка.
Англиски: Libya

лисина повеќе

мн. лисини
Вид збор: Именка, женски род
Земјиште без вегетација, непошумена месност.
Англиски: clearing Албански: tokë pa vegjetacion

Литванија повеќе

Вид збор: Име
Балтичка земја
Англиски: Lithuania

Лихтенштајн повеќе

Вид збор: Име
Мала европска држава помеѓу Швајцарија и Австрија.
Англиски: Liechtenstein Германски: Liechtenstein

Лондон повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Велика Британија.
Англиски: London

лондонски повеќе

Види и: Лондон (име.)
лондонскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Лондон.
Примери:
лондонски автобуси

Лужица повеќе

Вид збор: Име
Област во Германија.
Германски: Lausitz Албански: Luzhica

лужички повеќе

лужичкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Лужица.
Германски: lausitzer Албански: lluzhan, lluzhës
Примери:
Лужички Србин.

Луксембург повеќе

Вид збор: Име
западноевропска држава
Англиски: Luxembourg
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш