Геологија - категорија

еозоик повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Период од развојот на Земјата карактеристичен по појавата на првите живи суштества.

еолит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Најстариот период од камената епоха кога луѓето правеле примитивни орудија од камен.
Англиски: eolith

епицентар повеќе

мн. епицентри
Вид збор: Именка, машки род
Во сеизмологијата - област или место на површината на Земјата што се наоѓа над жариштето на земјотресот.
Англиски: epicenter
Примери:
Епицентар е точка на Земјината површина каде што земјотресот најсилно се чувствува.

ерозија повеќе

мн. ерозии
Вид збор: Именка, женски род
Разорување, трошење на Земјината кора под дејство на природни процеси.
Англиски: erosion Албански: gërryerje
Примери:
Во некои предели се забележани големи ерозии.

еруптивен повеќе

еруптивниот
Вид збор: Придавка
Вулкански, што потекнува од ерупција.
Англиски: eruptive
Примери:
еруптивен предел

еруптира повеќе

еруптираат
Вид збор: Глагол, несвршен
врши ерупција, исфрла лава
Англиски: erupt
Примери:
Вулканот еруптира секои сто години.

ерупција повеќе

мн. ерупции
Вид збор: Именка, женски род
Силно, нагло исфрлање разни материи (лава, вулкански камења, нафта) од внатрешноста на Земјата.
Англиски: eruption Албански: erupcion, shpërthim
Примери:
вулканска ерупција
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш