Геологија - категорија

рблак повеќе

мн. рблаци
Вид збор: Именка, машки род
(’рблак) Пукнатина во карпа, во камен каде што се цеди вода.
Примери:
Карпата имаше 'рблаци и од нив се цедеше вода.

реалгар повеќе

реалгарот
Вид збор: Именка, машки род
Црвен минерал; арсенов сулфид.
Англиски: realgar

репер повеќе

мн. репери
Вид збор: Именка, машки род
Највисока висинска точка на цврста подлога според која се врши нивелирање.
Англиски: landmark Албански: piketë

ронатица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Земја која се рони (покрај брег или на стрмни места).

руда повеќе

мн. руди
Вид збор: Именка, женски род
Минерал кој содржи метали или нивни соединенија.
Англиски: ore Албански: mineral, xehe
Примери:
Железна руда, оловна руда.

рударство повеќе

(едн.) рударството
Вид збор: Именка, среден род
Наука за рудите.
Англиски: mining Албански: xehëtari

руден повеќе

рудни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на руда.
Примери:
Рудно богатство.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш