Информатика - категорија

излезен повеќе

излезниот
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со излез.
Англиски: output Албански: dalës, autput
Примери:
излезен порт

икона повеќе

мн. икони
Вид збор: Именка, женски род
Во компјутерската технологија - сликовито претставување на некоја програма на екранот од компјутерот.
Англиски: icon Албански: ikonë

имплементација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пишување на програм, изведување на програмско решение.
Англиски: implementation Албански: implemnetim
Примери:
Имплеметација на нови функции во програмот.

инкомпатибилен повеќе

инкомпатибилниот
Вид збор: Придавка
Што не се согласува, не се спојува со нешто, што не одговара на нешто.
Англиски: incompatible Албански: inkompatibël

инпут повеќе

(едн.) инпутот
Вид збор: Именка, машки род
влез, влезна величина
Англиски: input Албански: input, hyrje
Примери:
потреба од воведување активности за обработка на инпут на часот по немајчин јазик

Инстаграм повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Онлајн сервис за споделување фотографии и друштвено вмрежување.
Англиски: Instagram
Примери:
Кои топ модели се најинетересни за следење на инстаграм?

интерактивен повеќе

интерактивни
Вид збор: Придавка
(за компјутер) Што овозможува размена на податоци во две насоки.
Англиски: interactive
Примери:
интерактивен софтвер

интернет повеќе

(едн.) интернетот
Вид збор: Именка, машки род
Во компјутерската технологија - светски раширена компјутерска мрежа што им овозможува на корисниците пристап до големите бази на податоци.
Англиски: Internet Албански: internet
Примери:
Деновиве на интернет се појави снимка на која пред шест месеци пензионерот ја навестил трагедијата.

интернет-адреса повеќе

мн. интернет-адреси
Вид збор: Именка, женски род
Адреса што се состои од четири бројки разделени со точки под која еден компјутер е достапен на интернет.
Англиски: internet address

интернет-култура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Култура што што се развива преку комуникација на интернет.

интероперабилност повеќе

интероперабилноста
Вид збор: Именка, женски род
Способност за соработка меѓу различни системи врз основа на заеднички стандарди.
Англиски: interoperability
Примери:
Закон за постигнување на интероперабилност на железничкиот систем.

интерфејс повеќе

мн. интерфејси
Вид збор: Именка, машки род
Врска меѓу компјутерот и неговата периферија или неговите корисници.
Англиски: interface Албански: interfejs
Примери:
кориснички интерфејс

интранет повеќе

(едн.) интранетот
Вид збор: Именка, машки род
Компјутерска мрежа што се користи внатрешно во една организација.
Англиски: intranet

информатика повеќе

(едн.) информатиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за собирање, обработка, чување и пренос на информации со употреба на електронски апарати (компјутери).
Англиски: computer science Албански: informatikë
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш