Информатика - категорија

лаптоп повеќе

мн. лаптопи
Вид збор: Именка, машки род
Пренослив компјутер погоден за користење при патување.
Англиски: laptop
Примери:
На екранот од отворениот лаптоп имаше дополу напишана статија.

лематизатор повеќе

мн. лематизатори
Вид збор: Именка, машки род
софтвер за лематизирање
Англиски: lemmatizer

лизгач повеќе

мн. лизгачи
Вид збор: Именка, машки род
Во компјутерската технологија - лента на која се поставени стрелки за лизгање, обично од десната страна на екранот.
Англиски: glider Албански: rrëshqitës

линк повеќе

мн. линкови
Вид збор: Именка, машки род
Врска кон некоја информација објавена на интернет.
Англиски: link
Примери:
линк на веб-сајтот

Линкедин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Друштвена мрежа која нуди услуга за професионално вмрежување.
Англиски: LinkedIn

логира повеќе

логираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се пријавува за влез во систем со лозинка.
Англиски: log-in
Примери:
Многу е едноставен начинот на кој може да проверите дали некој се логира од вашиот профил на Фејсбук.

лозинка повеќе

мн. лозинки
Вид збор: Именка, женски род
лозунг
Англиски: password Албански: fjalëkalim, parullë
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш