Образование - категорија

бакалауреат повеќе

мн. бакалауреати
Вид збор: Именка, машки род
Завршен прв степен од факултетско образование.
Англиски: baccalaureate Албански: diplomë
Во Франција, завршен матурски испит.
Англиски: baccalaureate Албански: provim mature

бечелор повеќе

мн. бечелори
Вид збор: Именка, машки род
Лице со завршен прв циклус на академските студии.
Англиски: bachelor

библиотека повеќе

мн. библиотеки
Вид збор: Именка, женски род
Установа, зграда или просторија каде што се чуваат и читаат книги.
Англиски: library Албански: bibliotekë
Примери:
универзитетска библиотека

богословија повеќе

мн. богословии
Вид збор: Именка, женски род
Училиште во кое се изучува богословието, зграда во која е сместено ваквото училиште.
Англиски: theology
Примери:
Јас знаев само дека богословија значи учење за поп.

боенка повеќе

мн. боенки
Вид збор: Именка, женски род
Книшка со цртежи за боење.
Примери:
Дечињата боеја во боенките.

брани повеќе

бранат
Вид збор: Глагол, несвршен
Штити, потврдува став, идеја, научен труд и сл.
Англиски: defend Албански: mbroj
Примери:
Авторот на книгата ги бранеше своите ставови и идеи.

бубалица повеќе

мн. бубалици
Вид збор: Именка, женски род
Ученик што учи механички.
Англиски: crammer

буквар повеќе

мн. буквари
Вид збор: Именка, машки род
Книга од која се учат буквите, за почетно учење.
Англиски: reader
Примери:
Разликата меѓу разгледаните буквари е во редоследот на буквите.

бутка повеќе

буткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Турне на испит некого.
Албански: rrëzon
Примери:
На испитот по математика професорот ги буткаше најмалку половината од пријавените.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш