бранат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чува, штити некого од напад.
Албански:
mbroj
Комитите го бранеа народот од турскиот аскер.
Слично со:
штити (несв.)
Застапува некого на суд, е негов бранител.
Слично со:
застапува (несв.)
Штити, потврдува став, идеја, научен труд и сл.
Примери:
Авторот на книгата ги бранеше своите ставови и идеи.
Е во одбраната, на голот како голман.
Примери:
На вчерашниот натпревар бранеше новиот голман.
(се брани) Се штити од напад, дава отпор.
Албански:
mbroj
Кучето се бранеше од мувите.