доцни

доцнат; доцнел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4636
1. Не доаѓа навреме.
Англиски: delay Албански: vonoj
Примери:
Доцнам две минути.
Автобусот доцнеше.
2. Ненавремено се извршува, настапува, стасува по определеното или вообичаеното време.
Англиски: delay Албански: vonoj
Примери:
Работите овде доцнеле.
Доцни излегувањето на книгата.
Дождовите доцнат.
Доцни бербата на јаболката.
Мојот часовник доцни пет минути.
Изведенки
доцнење ср.
мн. доцнења
глаг. им.
Пример: Поради честите доцнења бил казнет.