наезда

мн. наезди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12534
1. Навлегување, упад на непријател, освојувач во некоја земја.
Англиски: invasion Албански: invazion, ndërhyrje
Примери:
Во големата наезда на разни војски биле уништени многу културни споменици.
2. Ненадејна појава на инсекти или на други штетници.
Англиски: invasion Албански: invazion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Наезда на скакулци.
Наезда на полски глувци.
3. Надоаѓање на многу луѓе во некое место, во некоја земја.
Англиски: deluge Албански: rrëke, invazion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Наезда на туристи.
Наезда на бегалци.