драма
мн. драми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2848
Примери:
Македонската драма меѓу двете војни.
современа драма
античка драма
Книжевно дело во дијалошка форма, наменето за сценска изведба.
Примери:
Тој пишува само драми.
Сценска претстава со сериозна содржина.
Примери:
Изведбата на драмата беше одлична.
Тежок, потресен настан или случка.
Примери:
Душевна драма.
Семејна драма.