достаса

достасаат; достасал; достасан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8649
1. достигне
Англиски: overtake Албански: mbërrin
Примери:
Тргна со брзи чекори да го достаса.
2. достигне
Англиски: reach Албански: mbërrin
Примери:
Тој достаса до ретката шума.
До востаниците достаса јасен шум.
3. стигне
Англиски: arrive Албански: arrin
Примери:
Првата рата од кредитот достаса за наплата.
4. достигне
Англиски: suffice Албански: mbërrin
Примери:
Не му достаса сила.
5. Порасне, постигне зрелост.
Англиски: mature, ripen Албански: piqem
Примери:
Си мажил една - достасала другата.
Грозјето достасало за берење.
Изведенки
1. достасува несв.
достасуваат
2. достасување ср.
Пример: достасување на отплата на кредит