врзе

врзат; врзам, врзи, врзете; врзав, врзеш, врзаа; врзал; врзан: врзев, врзеа; врзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1180
Соедини, спои со јазол два краја на конец, јаже и сл.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Ги врза врвците на чевлите.
Обвитка, стави, спакува во нешто и стегне со јаже, со врвка и др.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
На главата ќе врзе црвен шал.
Го врза зајакот во вреќа.
Ги врза жолтиците во едно шамивче.
Му ги врза очите со шамија.
Со синџири ги врза дивите горски ѕверки.
Ограничи, оневозможи движење на некого, на нешто, прикрепувајќи, приврзувајќи го со јаже и сл.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Кај ќе го врзеш, таму ќе остане.
Го врза коњчето во дворот.
Рибарот го врза чунот крај брегот.
Му ги врзаа рацете и нозете, го пикнаа в зандана.
Врзете им ги рацете!
Ги врзаа маските на јаслите.