Пребарување по области

Оваа функција овозможува систематско пребарување, кога корисникот сака да ги види сите алтернативи во една област или на една тема (на пр. сите видови птици содржани во речникот). Ако постои дилема кон која категорија припаѓа темата, може да се погледне во лексемата, т.е. семемата.

После влегувањето во овој дел на речникот на левата страна се појавува врвот од хиерархијата на областите: општество, наука, уметност, религија и филозофија.

Преку кликнување на симболите „-“ и „+“ може да се расклопи/склопи хиерархиското стебло. Истовремено на десната страна се појавуваат сите лексеми кои ѝ припаѓаат на избраната област.

Во долунаведениот пример со кликнување на „зоологија“ и „тема“ се појавуваат дефинираните теми:

Понатамошно кликнување на темата „птица“ ги покажува во долниот дел на „тема“ сите птици меѓу кои и лексемата „штрк“: