богат (прид.)

Есента е богата со соништа иако понекогаш тажна со водата што опаѓа не се плови Ноемврските богати магли со што ли ги дојат реките
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беа богати бели партали јужен снег и којзнае како сѐ уште не се свршува таму горе и еднаш да преврнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ поголемиот дел земја во Англија се одзема од земјоделското производство и се користи за спорт, за забава на богатите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Претприемчивите грчки угостители распоредиле неколку ресторани од кои на масите крај брегот сервираат богат избор од морски плодови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Монополот на владеење особено пространи, богати, или згодно поставени колонии дејствува во иста насока.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ораме со рало но земјата ни златна колку е богата!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Медот го обновува човечкиот организам и го продолжува животот, зашто е богат со сѐ што му е потребно на човека.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Возрасните се кршат со жилави танци околу своите богати софри.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
КАЛИМЕРО Во овој Холивуд не е тешко човек да се почувствува како Калимеро: сите околу тебе се успешни, славни и богати, а ти ги гледаш со скршена лушпа од јајце на главата и мрчиш како нема правда.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пеел со склопени очи и поднаведнат како во зазор што им го одзема времето на богатите, на умните и на покорисните од песнопојците зашто можеле да разговараат за свои работи, за политиката на европските земји кон Турција, за ловот и за коњите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова е навистина богато поле за понатамошни истражувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, тоа и не ѝ беше многу важно на младата девојка од богатото битолско семејство, која имаше доволно свои лични преокупации и проблеми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа подеднакво го исклучуваше богатото наследство на осамена баба, како и загриженоста за неговото отсуствување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
3 Во времето кога двајцата бегалци дојдоа меѓу бригадирците, во Струмичкото поле се биеше голема битка за исушување на злогласното Моноспитовско Блато, кое што со години веќе ги испиваше и луѓето и плодовите на земјата во овој богат крај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе