царински (прид.)
Следуваат граничните и царинските формалности. Млад цариник со излитена зеленикавосива униформа го прелистува мојот пасош.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Бродот бил пропуштен од царинските служби во пристаништето или од невнимание, што е тешко да се поверува, или заради земен рушвет.“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
-Во својата алчност тие ги зголемија вештачката емиграција и царинските бариери, попречувајќи го слободното движење на луѓето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога завршија сите гранични и царински формалности, заедно со лицата кои нѐ пречекаа близу граничната линија за првото добредојде, нѐ воведоа во една посебна просторија во граничната зграда, за средби со странски делегации.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Вршат бројни правни, економски, културни и општествени функции, и вклучуваат бројни агенти/актери: војници, царински службеници, шверцери, туристи, проститутки...
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Спикерот ги повика патниците да пристапат кон пасошка и царинска контрола.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Царинската војна помеѓу Австрија и Србија, која со прекин од 7 месеци траеше од 1906 до 1911 година, беше предизвикана делумно од конкуренцијата помеѓу Австрија и Франција во лиферувањето воен материјал на Србија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)