нејзин прид.

нејзин (прид.)

Од нејзиниот скут нѐ гледа и оголен човечки череп.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И — ха, ха, ха, хи, хи, хи, — одам и јас по неа, по смеењето нејзино.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ја видов првпат во нејзината прва форма, во нејзиното престорување и присторување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Камбаната продолжува да бие. Ветерот го носи нејзиниот тажен одзвук и мракот го изсполнува со морничавост.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во нејзиниот живот имаше повеќе празнини и денови на осама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нејзината самота беше нејзината последна тивка молитва.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа нејзиниот не можеше да го замисли без мене и без сестра ми!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Понекојпат двете црти здружени со острината на нејзиниот поглед, значеа укор за нешто, но и тој гест можеше слободно да се препише на перфекционистичката особина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ништо не можеше да се скрие од нејзиното око.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш настанало нејзиното најголемо разочарување.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа ми беше необично, а и малку незгодно таа да ми ја носи чантата, но, пред и да успеам да се заблагодарам и да одбијам, чантата веќе се наоѓаше во нејзините раце.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој отпрвин бил изненаден од ваквиот нејзин однос.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Претчувствуваше или виде плен во нејзините канџи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие се слепи за златестата боја на нејзините кадри.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нејзиното врескање предизвика и други жени да урлаат, да плачат, или да се смеат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Полегнуваа житата и сѐ што ќе потераше потеруваше невесело и болно Ние лежевме прегрнувајќи ја земјата зашто само таа може да нѐ спаси И слушавме како кон нејзиното убаво време и по патиштата шетаат црквени ѕвона.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Едноставно, треба да им веруваат на пријателите, на стручните лица дека имаат недостаток и дека со истиот можат да живеат нормално, но не можат да дадат сериозен прилог во театарската уметност и во нејзината развојна линија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе