преплете (св.)
Вардар се пази од синџири — аскер, границата е преплетена со жив плет од башибозуци, та изглед за префрлање не можеше да се наѕре за скоро време.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога ни се преплетуваа телата, неговото тело се однесуваше кон моето како кон подвижен предмет; кога ме гледаше, како да гледаше во нешто неживо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се истегна уште еднаш, ги искрцка преплетените прсти на двете раце и го погледна папирусот пред себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Воопшто не се впушташе во заводливото преплетување на философските и литературните жанрови, кои на крајот се влеваат во струјата на „општо случување на текстот“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На петнаесет дена пред Митровден, народот што ја минуваше Жепа преку греди, малку погоре од градилиштето, забележа првпат дека од обете страни на реката, од темносиниот камен од шкрилци, се задава еден бел мазен ѕид од делкан камен, преплетен од сите страни со скелиња како со пајажина. Оттогаш секој ден растеше мостот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во главата му се преплетуваа сцени и ликови од раскажувањата на Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Голите женски гради се залепија на неговиот грб, а прстите со лакирани нокти му се преплетоа на градите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Неговото преплетување со дејствието е многу посуптилно, се одвива со допирањето на храната, кое е причина за собирањето на гостите, и, најпосле, тој е оној што со гледањето го спасува барем споменот за страсната врска, по убиството на Љубовникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Косите ни растеа и се преплетуваа една во друга. Се родивме од булки.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
„Сакам да ја согледам слоевитата текстура околу која се преплетува она што се нарекува судбина и случајности“, велеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ние
овде јасно гледаме како се преплетуваат приватните и државните монополи во епохата на финансискиот капитал, како и едните и другите фактички се само одделни алки на империјалистичката борба меѓу најкрупните монополисти за поделба на светот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Опојните, кристални звуци што, преку ширум отворените прозорци на колипката, се протегаа кон ниско наведнатите гранки на костените, преплетувајќи се со отсјајот на носталгичното септемвриско сонце.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Допирот веднаш му се вкочани, но небаре нивните раце се преплетоа во заграб.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Штрчат изглодани руини, а во прозорците местимично е вплетена жица, ’рѓосана, преплетена.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Имено: интересите на тоа сообраќајно претпријатие се преплетуваа со интересите на трговијата со земја.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Потоа и самиот ќе ги земеше сопствените раце, ќе ја погалеше Рендгеновата цевка, ја мрдаше живата во кварцната ламба, го прошируваше или стеснуваше процепот низ кој светлината паѓаше врз нечиј грб, ќе бутнеше инка во некое уво, ќе земеше памук и го ставаше во слушниот канал, задлабочувајќи се во последиците од овој чин кај сопственикот на увото: како настануваат претставите за помош, исцелување, добриот лекар, за општата доверба и радоста на живеењето, и како отстранувањето на течноста се преплетува со душата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А ако тоа „преплетување“ оди понатаму, тогаш со 1 милион може да се контролираат 16 милиони, 32 милиони итн.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Нашиот свет во дваесеттиот век е преплетен со технологија, што е сѐ уште неверојатно примитивна.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)