Албанија име.

Албанија (име.)

Албанија и Македонија (во составот на Југославија) само две години живееја во „братска идила” без граници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога границата меѓу Албанија и Југославија се извиши како висок непробоен ѕид, моите албански сонародници доаѓале до бодликавиот тел на границата од каде фрлале пари цврсто верувајќи дека некој ќе ги однесе до манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нејзиното враќање се случуваше во зенитот на сталинистичката еуфорија во Албанија и отворените диригирани непријателства кон Југославија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се гордеат и со спомените што ги остави селското културно-уметничко друштво кое со своите многубројни настапи низ цела Албанија и учеството на разни фестивали во земјата ја ширеше македонската песна и оро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А оваа потврда ќе ја чувате. Ќе ви ја побараат на излезот од Албанија и за користење на нашите патишта ќе платите две евро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Покрај надворешните граници на новата Република Албанија, превладуваше густата пајажина на внатрешните граници на земјата помеѓу различни принципати, минијатурни ефемерни републики, прогласени и одржувани во поделената земја од окупационите сили на Сојузниците, од големите фисови, верските конфесии.
„Граница“ од Луан Старова
Зар е можно ова што ми се случува во родната Албанија?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што ми требаше да молам да се врати од Албанија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сфатив дека за нас други патишта веќе не постоеја освен патиштата што водеа кон нашето искоренување... и во тој миг се слушнаа гласови и викања да продолжиме кон Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А вестите се редеа: Конференцијата на амбасадорите во Лондон, врз основа на извештајот на Комисијата на 6 декември 1922 година одлучила спорната зона да ѝ се додели на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И над сѐ проектот предвидуваше Албанија да не биде независна земја, туку автономна провинција под грижата на Турција.
„Граница“ од Луан Старова
Имаше многу омраза во нивните очи. Не се оние Шиптари што ги знам од Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи дојдени од Албанија, иако рисјани кои говореа многу чист македонски и не го знаеја албанскиот, нашите почнаа да ги викаат Албанци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Уште имам плускавици од фронтот во Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е едно македонско село во Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се заземаше да не се приклучува селово во Албанија, а ни донесе поголемо зло...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Грчките војски останаа отсечени во Албанија, и почнаа да се враќаат ко помочани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе