Балкан (име.)

Но се виде моето и мојата педагошка мисија за спас на детето на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во таква ситуација се чини дека за американските претставници Балканот почнувал единствено надвор од балканските салони и шведски маси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Животот на татко ми на Балканот се поклопуваше точно со три четвртини од дваесеттиот век.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кој видел аир од книги на Балканот, и тоа од толку многу книги?!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Значи Османите го донеле барутот на Балканот? Може и така да се рече, но и други претпоставки не би можеле да се исклучат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не му го откриваше на Климент Камилски својот крунски аргумент за да се откажат од проектот дека турцизмите, односно османизмите во подалечните времиња, останале како единствените сведоштва за историскиот континуитет на различните народи кои живееле во османскиот дел на Балканот, заемните влијанија меѓу балканските јазици кои придонесоа во создавањето заеднички менталитет олицетворен во балканскиот јазичен сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се очекуваше Татко да го изнесе своето пледоаје за судството на Балканот, во текот на владеењето на последните империи, сѐ до оваа социјалистичка судница чиј дел требаше да стане и самиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како што тој ќе ја присегне раката така жена ми му принесува друга чаша со вино и како што тој ќе ја испие така потечуваат матни загадени води што го преплавуваат Балканот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овде - на Балканот - каде сѐ што живее задоцнува со четири века.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најчесто велат дека Балканот е искомплексиран и компликуван во сите области на животот, па така е и со јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А можеби и оттогаш почнуваат европските предрасуди за Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никогаш на овие предели на Балканот човекот не беше се зближил, не беше сраснал толку со некое животно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Метафората на жртвувањето ја презема судбината на Балканот каде насилството и бесмислениот волунтаризам ја заменуваат мудроста на народите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој еднаш беше му рекол на Чанга дека ако се пишува историјата на козите на Балканот, тоа ќе биде една од најдобрите истории на балканските народи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко говореше за причините поради кои не можеше да се состави целосното семејно стебло на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе