Белгија (име.)
Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Поминати се дваесет и една година од првиот писок на Стивенсоновата парна локомотива - во Германија и во Белгија се градат железнички линии.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тука му асистира на белгискиот скулптор Оскар Џасперс и кај него ја изучува вештината на дрворезот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тие се секогаш отворени зиме и лете, а низ нив годишно минуваат и по милион гости - евтино, во природа, со добра кујна, а по желба може да се приготвува и јадење, но тоа во Белгија не се исплатува...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Убаво ќе беше ако и на туризмот му се дадеше поодредено место, зашто овде, во Белгија и во соседна Франција, постои големо интересирање за летување на нашиот Јадран.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Имено, животното било сопственост на граѓанин од Белгија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Чудно е тоа ако се знае каква е Белгија по природните убавини и на оние што ги има Македонија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овде како да завлегуваш во друга земја, која се разликува од југот на Белгија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако не бев овде, веројатно никогаш не ќе знаев дека Белгија, од која секоја година кај нас летуваат стотина илјади души, е могу развиена туристичка земја и дека од туристичкото стопанство има позитивно салдо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека ги минував овие „бели населби“ веднаш ми идеа мислите на Македонија, која сигурно има поубави природни услови за развиток на туризмот, отколку Белгија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Белгиските Ардени се распостилаат во голем дел по текот на реката Урт, која не е поголема од наш Вардар, но, многу побогата со вода.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
УЈ ТОА Е еден од помалите градови во Белгиска Валонија, на обата брега на Меза, која овде е плодна и е таква сè до својот влив во Северно Море.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, сите овие новоградби, грандиозни и модерни, по завршетокот на Изложбата ќе бидат разурнати, а на нивни место ќе се појави одново парк. Такво било барањето на Белгијанците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Годишно на човек паѓаат просечно по 670 кубици вода, односно близу трипати повеќе отколку во Белгија или нешто над двапати повеќе отколку во Грција.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Аниз Колц, белгиска поетеса Го прочитав романот Времето на козите во еден здив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Вчудоневидени, претставниците на органите за редот и мирот во земјата, прашале како го извел тоа, а тој им објаснил дека многу му помогнало тоа што Белгијанецот зборувал француски, а Сталин абер немал од странски јазици.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Животот по 40 години Во близината на Атомиумот е сместен павилјонот „Животот во 2.000-та година“, режиран од Белгијанците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Застапен во антологии на македонската поезија: Објавени во Англија, Индија, Полска, Словачка, Белгија, Израел, Русија, Србија, Турција, Албанија, Шпанија, Узбекистан, Италија, Чешка, Малезија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но, Белгијците од ништо направиле многу нешта, како што се сетиле тоа да го сторат и со „белите населби“, за кои инвестираат мали, средства, а пак затоа од друга страна, многу печалат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)