Земјин прид.

Земјин (прид.)

Тоа се трупа полека по хумусот на мојата снага по мислата по сетилата по плодот на земјината кора.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повозвишен свет од светот на играчките немало на земјинава топка ни во една сказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Земјината топка испукана од ждрелото на разорен топ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сѐ е толку таинствено, ама жарот на лудото срце да дознае што се крие во оваа невидена, ретка земјина форма, го потиснува стравот и те води, речиси насилно те влече кон тајната.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеби ќе го наречеме Земјино доба, или можеби Гравитационо доба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Пред мене замаглена слика, до нас, ние самите со копнеж закопан во недрата земјини.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во тоа време најубавиот крај на земјината топка беше широчината на крајот на нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таму, на крајот на земјината срцевина е темелот на камен и бетон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека границите, засилени со бодликава жица, не пропуштаа ни пилиња преку нив, писмата сепак пронаоѓаа пукнатини преку кои се провлекуваа и стигнуваа до секое катче на земјината топка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зашто, од каде знаеме дека два и два се навистина четири? Или дека функционира силата на земјината тежа? Или дека минатото е непроменливо ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој друг на земјината топка веднаш ќе одговореше дека ја издал Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од другата страна на земјината топка е.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Тој целиот живот го помина со амалскиот самар на грбот, со амалската ортома околу половината, со проклетството на Атлас и на Сизиф, да ја крепи и пренесува земјината топка.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не само што не постои човек за сите времиња и сите земји туку на секој историски период и на секоја нација на куглата земјина ѝ одговара специфичен тип на човечка природа: Сократ бил Атињанин од петото столетие пред Христ, Библијата е поетски - настанат поради таков след на околности - израз од еврејската душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Во името на Земјината Влада ова го прогласувам за марсовска територија, што ќе им биде подеднакво поделена на зачленетите нации.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе