Кратово име.

Кратово (име.)

Со методите што ги применував ја насетив соработката на Ниротакис со луѓе од Кратово околу некаков илегален логор за азиланти, како и неговата врска со специјалци од Србија и Унгарија за пренесување на мигранти во западно-европските земји.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вршејќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ете, откако го фрли тој сомнеж на него, зборуваше нешто нејасно за тајни канали преку границата на нашиот јужен сосед, за шверцување мигранти од Тунис, Мароко, Алжир, Нигерија, Авганистан и Пакистан, за луѓе од Кратово ангажирани околу некаков илегален логор за азиланти, за соработници на Ниротакис од Србија и Унгарија, за земји од Европа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И покрај фактот што заземањето на Кратово претставувало голем војнички и политички успех сепак тоа не беше доволно да се разбие бугарската офанзива.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако Кратово се прчеше со бакар и со сребро, Скопјево, пред сите други занаети, си ги имаше кожите и кожарите - околу 700 на број.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш, по еден сушен Петровден, удриле со голи сабји на карван што се враќал со сребро од Кратово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иван и главниот учител во Кратово Вл. Каранфилов (од Прилеп) биле раководители на Реонскиот комитет и без тешкотии, преку каналите на Организацијата, Павела го префрлиле на бугарска територија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турците биле помногубројни, дваесетина сабји на еден голтар, и ги доклале луѓето пред тоа насобрани од Кратово, Куманово, Велес, Штип и од повеќето села околу Скопје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се грбавеше врз тркалезните сплескани пари небаре првпат ги гледа, и со здржан кикот, ѕверејќи се спрам ридовите, ја вртеше парата и читаше во занес: „Нека му биде победата славна - сечено во Кратово”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ако разберат кратовските бегови дека се клале со нивни луѓе - отидовме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак нешто раскажуваше за Кратово и за топилниците на сребро, дури и повеќе, и за некоја жена што тој можел да ја поведе со себе ако во Кукулино не го чекале дечињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Решението е во хидросистемот „Злетовица“ со што би се разрешило водоснабдувањето на градовите: Штип, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Кочани и Кратово.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стариот на Марко беше ти бил дојден, пред години, од Кратово, а во овој град имаше мајдан од бакар, та бакарните садови што се изработуваа таму, според личотијата ги надминуваа и оние од Босна, па и и оние од Кастамонија, во Мала Азија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меѓутоа и покрај успешните борби на планината Осогово и заземањето на Кратово не дошло до некои посериозни промени во однос на активностите на бугарскиот окупатор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во револуционерното движење се вклучил во Кратово кога бил во IV клас гимназија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ќе го земам со себе кога ќе појдам во Кратово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе