Циганин м.

Циганин (м.)

1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
2. Еден Циган со цигулка Еден Циган со Циганка Еден Циган со дружина го бараше другарот Цела вечер дружината цела вечер Циганката цела вечер цигулката викаа по Циганот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во тој момент налетаа двајца цигани со мотор на три тркала и го запоседнаа преполниот контејнер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А вие Циганите не знаете да ги цените парите.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
3. На крај село куп од земја стара цигулка на неа место име, место знак Ноќе ветрот цигулката ја искрева над класјето и плаче но патот зелен што ги скри Циганите...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не е бела пара за црн Циганин.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во тремот бавен и тежок шум на шајакни влечки. Не е циганката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се наведнав и се сетив на Циганката што ми гледаше на карти: ,Ај, нека се гледа и за куќа и за среќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бре, Циганин и студен камен ќе стопли и ќе го развесели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сепак, ќе стасаат порано до колипката и ќе го сочекаат Циганчето на една клупа со откорнат наслон.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Холандија ги збрала циганите во провизориуми, во живеалишта на тркала, во коли слични на циркуските.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Барем циганите ќе закрпат некоја дупка и ќе кснат месо од дилот и продажбата на дотичната шмизла.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Преку ноќ биле обесени црниот просјак и крадец Циганот Рамо и православниот арамија Невенко од кого пропиштело сѐ живо, некрстено и крстено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ПАНКО: Мајката божја ги проколна Циганите да се скитаат по светот и да просат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Седиш на градска плажа и поред тебе вештачка палма ти го гали левото рамо, а позади тебе љангар од парк ти моча у квази морскиот песок и дур пиеш секс он д бичот за 230 денара и се осеќаш ко у Мајами бич од другата страна на Вардар загледуеш цигани како собираат пластични шишиња, а после те маа параноја дека чичкото од америчка амбасада те зумира одозгора и ти ѕирка у купаќи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе