аван (м.)
Реков, тој живееше за своите зборови; туѓите беа туѓи; туѓите беа биење вода во аван или во дибек.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
- Што толчи, овој, вода во аван? - Ти тежела болката, му велам јас, овдека нема вапери...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На толчена вода во аван ми заличи оној што чека или на дамнешна шега во запечатено шише фрлено в езеро пред неколку века.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)