автоматизам (м.)
Во неговите неми инструкции имаше некој толку силен авторитет што дојденецот воопшто не се замисли, туку по некој послушен автоматизам, со тешки и спори движења почна да го симнува ременот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На овие првоборци, режимот им овозможи според некој автоматизам – световен закоп и почесно место.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имено, зачленувањето во синдикатот се случуваше по автоматизам, па секој што ќе се вработи во фирмата стануваше и член на синдикатот!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Состојбата на преживување е состојба на емоционален, социјален и морален автоматизам, победата носи трајно оштетување, некој вид бесчувственост.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)