ага м.

ага (м.)

Ние свивме глава и не се викавме Срби за да не го налутиме агата. Тој не сакал да се викаме и Бугари; и Бугари не се викавме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тебе ќе те слуша агата оти ти биле мали снопјето!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: — Евала, кардаш, на сите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со други зборови, ние пред Турците се кажувавме така како што нема да се налути агата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И помагаше по некој пат кај кајмакамот со своите интервенции и не еден мариовец беше се избавил од разни беди, благодарејќи на овој ага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Почекај, аго, да видиш...“ - екна песна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Им аргатуваат од утро до вечер на каданите по куќите на агите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Агите долго не смееја да излезат од кулата, та ништо не презедоа да се спречи пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На селаните им се видоа сомнителни овие луѓе. – Сигурно не гледаат да ни ги оберат ќесенцата вечер по Слива – рече еден од старците, кога се оддалечија од нив агите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Добро, ама да не бидеш пишман кога ќе те влечат агите по судиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секогаш кога ги метев скалите на Куртиш ага верував дека нешто ќе пронајдам, некоја ситница, нешто необично.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А пак вие, Македонци, Запрегнете машка сила Македонија за да биде, За да биде што е била Самуилов црвен бајрак, Нек се вие нек се носи, Мечот негов паши, аги Нека сече, нека коси!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ми кажуваат, меѓу селаните се забележува сѐ поголем бес и дрско однесување со ќаите и агите. Вистина ли е тој милет толку пис?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секаде ќе бидеме одозгора ако случајно нѐ поткачат агите — беа последните зборови на Ѓорчета, чијшто предлог сите го одобрија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не ќе одиш аго. Штом не дојде да ме заколеш не ќе си отидеш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Срцето му се свитка клопче на Трајка кога агата му рече: – Ете, оној конакот на кадијата наш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Толе Паша се има поткажано некаде и агите — ајде по села за Кркање, краста да и јаде — одговори некој од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мехмеда и не еднаш си разговараа со својот господар. – Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе