аирлија (прид.)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И господ се радува кога се праат два радоси во еден ден и во една куќа, само нека е аирлија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Врват луѓе, нѐ гледаат, се пресмеваат. - Аирлија, велат луѓето. - Амин, вели Јон, бериме сливи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Непара си за вера, токо нека е аирлија, и ногата да ти е сурова ако изведиш некое ѓубре, како таа роспиата лани.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Аирлија плачење наврапито? Кажи срце на мајка, лек да ми ти бара.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Не треба учител да барате. Без давачки ќе биде таа работа, ако е аирлија.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Толку ни стига чергата — толку ќе си и пушчиме нозите. Нека е аирлија саатот, сѐ е убаво.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ај, аирлија нека им биде! Нека ни се кердосаат!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Аирлија да биде, поп Јанче во куќава моја! (оди и го дочекува бакнувајќи му рака) Како така ти во куќава моја без себап?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Камилски сакајќи да го изрази прецизното значење на овој збор, но и да го покаже бездруго доброто владеење на францускиот јазик, значењето на зборот аирлија, го претстави и на француски јазик: Q`il vous soit de bon augure!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Шпиро му ја подаде бовчата, тој ја зеде колку за адет, со едно мрзоволно „аирлиа нека е лели сте а направиле, аирлиа" и ѝ ја подаде на Бисера.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Готова работа, аирлија кумство! Еве кумовите се враќаат.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Често се употребува и зборот аирлија (со среќа), со потекло од турскиот збор hayrli.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А моите внуци, еден господ знае што стока ќе бидат. Ама нека е аирлија…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
— Нека му е аирлија муабетот на Петка! За каде ли го маслосуа? ...
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Било, како ние што викаме „аирлија работа“. Ќе те мислат нем, ако не речеш „аирлија“. Ама кој знаел. Дури отрпнавме, многу глави се скршија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Пак за аирлија нешчо? Ајде, ајде. Печали ти за мене, јас за тебе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си одиме и кој како ќе нѐ види ќе праша: - Аирлија, Јоне, што правите во Дрмине, што ќе правите?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја плати ми ти мене венчавката и владичкото, та тамо да си свршиме работа, да ве провенчам, нека е аирлиа, да се напиеме, да си повечераме шо дал господ, а да не нѐ гледа векот како на пазар да се пазариме и да се плаќаме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)