алал (м.)
Кога ли успеал да ја организира оваа гозба, алал да му е, си дорече секретарот, гледајќи го блажениот и опуштен израз на републичкиот партиски секретар.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Алал да ти е името што го носиш, измеќарка на чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Според муслиманската вера арам е сѐ што е забрането, спротивно од алал, што значи на арапски сѐ што е дозволено.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Море сѐ алал нека им биде, само поволно споров да ни го решат... - му рече игуменот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Браво капетане, капетане алал, секоја чест кормило мајсторе!“ – се раздрав со гласот мој цел, и ми дојде некако убаво, лесно на душата, и продолжив да навивам, да го бодрам...
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
- Алал ти вера! Досетлив си, нема збор! - восхитено го пофали Планински и му ја стегна раката да му честита.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ама си ја погодила мори, Митрејце, ракијава на солта, да ти е алал!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
СПИРО: А, Анастасијо, Анастасијо, нека ти е алал лебот што го јадеш во оваа куќа и уште од малечка името што го носиш: измеќарка на чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Алал му вера на тој што измислил такво општество. Баш убаво, мајката”.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Алал да му е, каков штос измислил: спреј за заспивање, - си мислев.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Многу деца си направил, вели Витомир, алал да ти се панталоните, - Панталоните не прават деца, му велам јас на Витомир.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А во себеси мислеше: „Јуначиште! Војвода! Да ти е алал!“
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Штом го прочита писмото, извика: - Алал да му е! Јунак е Гоце Делчев!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Да ти е алал! - рече дедо Иван. - Ќе биде од тебе човек.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Браво, браво! Да му е алал! - дополни втор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
БОРИС: Не се разбираме. МАТЕЈ: Не. (Пауза)
БОРИС: Алал вера. (Пауза) Мене цел живот ми помина како да сум во хор што пее некоја важна хорска песна.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Алав да ѝ е на негова мајка, што го доила и пораснала.“ с. Габровник, Велешко
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)