албум м.

албум (м.)

Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За да се извади албум требаше да се потроши време, труд, нерви и многу пари за откако сам ќе го издадеш да те начека џандар на улица и со само една казна за неносење каиш да ти отиде целата заработка од албумот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Избледнети фотографии од стар албум, десетина години заробени од животот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Покрај оделото и темната вратоврска, старчето има добродушен лик на престарен вујко и сосема семејно ми ги подава кадифените албуми, што и самите би се чинеле домашни, да не се позлатените букви и везот по рабовите, со кои добиваат нешто неприродно, наместено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Извлеков само една стара фотографија од албумите – на неа бевме ние сестрите, нашите браќа и нашите родители, и ја ставив меѓу десната града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од ранецот го извлекувам албумот што со години го дополнувам со стари фотографии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во преградата на ковчегот забележува албум.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го тргна Богдан албумот и стави леѓен да ги собира капките кои одѕвонуваат во леѓенот како во пешетера.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седи Богдан на клупата под борот: во албумот отворен во скутот ја гледа сликата од синот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш по улицата доаѓа голем двокатен автобус, црвен како во црвениот албум во татковата работна соба.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Агна ја нашла малата фотографија во еден од старите албуми и решила, за да ме израдува, од неа да порача да се ископира голем формат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Албумов што го вртиш постојано остава отисок и во сонот...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Среде албумот, притиснат меѓу две страници, имаше некогашен разнобоен цвет, обезличен од времето кој сведочеше за среќните мигови во нивната љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите фотографии од тој албум, велеше таа, се сместени на најбезбедно место, во мојата глава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Загледан во албумот, одлетан со мислите, Богдан не забележа дека над него во короната на борот долета избегано улиште пчели.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сама ги одбра предметите-нешта во коишто ќе престојува: моливот и глината писмата и терасата што ја нема египетската мачка и хербариумот албумите и огледалата глобусот и зборот животинскиот ојас и млечта, пчелите трпезите за народ и за љубов...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Имам албум од ренесансата, во нив сликички од Злато, сребро и свила што молскоти... По малку и зачин...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.  Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе