алгебра (ж.)
Седми и осми клас веќе не постојат. Се откажале мајчините галеничиња од српски, француски, алгебра, историја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Големата заблуда лежи во претпоставката дека дури и вистините од она што е познато како чиста алгебра, се апстрактни или општовистинити.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој се сети на зборовите како алгебра и алхемија, без да знае дека се арапски, а кои влегле во балканските јазици по литерарен пат, од интернационалната лексика, а не од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)