алигатор (м.)
Иако не ги разбирав што зборуваат, сѐ ми стана јасно дури откако видов дека двајца мажи во моја близина ја дерат кожата од мртвиот алигатор.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ме спасиле во последен момент, кога веќе алигаторот се подготвувал да ме повлече во длабочините.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во стеблото на еукалиптусот Коалите се живо сведоштво дека и без палата Можат да се сочуваат алтан соништа Ќе го речеш оној во вештачкиот базен бил алигатор Па што ако е алигатор Да не не може случајно да ми доскокне до сонот Алигаторот ти е како оние интелектуални ветрогони Многу ’рчи а ич не сонува Најпосле дојде времето на чистите сонови Само тие севезден лачат најволшебна влага
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Татко ми ме зеде на раце, а кожата од алигаторот ловците ѝ ја подарија на мајка ми за спомен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)