амалгам (м.)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во длабочината на старинското огледало тие го пронајдоа и го препознаа вашиот „Автопортрет“ изрежан со фосфоресцетни линии на амалгамот на дното од огледалото.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со текот на времето се наложи еден вид османски јазик, што претставуваше амалгам од персиски, арапски и турски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)