амајлија (ж.)
Снимателот немаше доверба во својот асистент да му ги даде инструментите што си ги задржа на вратот како амајлија, иако во штабната барака не го очекуваше некоја неизвесна судбина освен да пие ладно кафе, да трга цигара по цигара и одвај да чека да му понудат од шишето што се криеше во бирото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Ха, - се поднасмевна Илко пофаќајќи ја амајлијата, - да ме чува од зло...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Водите густи и питоми по сјајниот метал на утрото водите полни со твојата умореност На патот до смртта како на патот до ноќта Понекогаш само ќе наврати гугутка амајлија на една дамнешна љубов
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Летото во крвта како амајлија на градите на номадот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Човекот повеќе страдал отколку што имал полза од амајлијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ми даде амајлија и вода преку која ќе ми гледал додека ја пијам и ќе ме лечел од „Злото“.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
После правиме амајлии за на гуша. Збираме од трњето волна и ќе усучиме конче за околу вратот. За амајлиите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Амајлијата ми беше ноќеска околу шијава а сега ми ја нема.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подоцна научи за светите египетски скарабеи и за нилските крокодили, за амајлиската моќ на бубачките и саламандрите, за тоа како човекот од примитивните времиња, од бронза, злато и сребро и од скапоцни камења, моделирал слики на овие суштества за да ги носи на вратот или на глуждот, како заштитници на своето здравје и својата среќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А колку шо паметуам и едното уше ѝ е зараснато, та една обетка ногу и од машките носат како амалии, та и од таа страна работата е ујгун.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се знаеше дека во нејзиниот череп, како бисер во школка, имаше камен со амајлиска моќ.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ќе видиш какви амајли- ѓердани за жените ќе излезат од нив.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Само женственото лице и обетката на десното уво можеа да предизвикаат во прво време малку сомнение, но четникот рече дека му се амајлија од баба му та ништо чудно не се предизвика со тоа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оној кој не плаче никогаш
освен кога лаже, се поигрува
како ли ја збори вистината
премолчуван, преименуван
преиначуван, забрануван
со амајлии истеруван
со клетви застрашуван?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ја бара со левата рака амајлијата под грлото и ја доближува до истрпнатите усни: тоа триаголниче од кожа го чувало од зло и не го дочувало.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Татко ја полеа по челото со лимонова колонска вода, од шишенцето кое Мајка го чуваше како вистинска амајлија, донесено од блиски Таткови роднини од Цариград, при нивните ретки посети.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таквото име би било како амајлија и би значело дека бебето ќе ја преживее зимата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Му ја извади амајлијата од гушата и се загледа во дијамантното камче што светкаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)