ами (чест.)

Ами, и Филипа не сте го виделе, прашувам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами сега? На моторот се двајца италијански војници и една девојка од нашите села.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами лели едно ме видоа и на име ми рекоа и ме однесоа дома, та ме нагостија и многу ме честија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ами, чуму ти се кутриве играчки кога нема кој да ги игра?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ами тука, мајко, во оваа пустелија ќе умрам и орли и врани месата ќе ми ги јадат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ами лели им завидоа орлите, оти јадат штрковите скакулци, и од збор на збор се капаштисаа да се бијат едни други.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами зошто и тој не си дојде, прашувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами немале ангел да ги чува, велам, и си ги собирам рацете од рамената негови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами оти не гледам, му велам оти не знам кај одам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ами, ако не можам да ја познаам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами... зошто ќе ѝ е само за неколку дреи. Со рацете зафаќа од езерото и така прска, стегајќи го со колената фустанот да не ѝ се намокри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш пак се појавија Бугарите. Со пукање, ами со што.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ами, што ќе правиш: прифатен човек, не знаеш ни што мисли, ни што прави. И така чекам да се стемни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ами, таткото и синот од село Печково, заклани на нива и оставени в бразда!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами ти бре Силјане, како си сега со татко ти, али го ризаш потроа?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Ами кучето не било пцовисано, му велам, не било пцовисано за да оживи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ами Михајло? Тој не те клава на газот, ми вели, а ти го бараш за на чело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ами, кај ќе бегам јас сирота, и велам, кај ќе се давам со овие ранети пилиња?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе