анализа ж.

анализа (ж.)

Треба да знаеш дека во мојата пракса имам евидентирано приличен број необични случувања кои по внимателните и сестрани анализи ја губеа магијата на таа необичност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да не се определуваме однапред, нека покаже анализата! нагласи Татко. Се согласувам. Најпосле можеме да започнеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доколку анализата на овој закон ја сведеме на чисто позитивистичко правно толкување би можеле лесно да заклучиме дека оваа одредба е позитивна и дека се работи за подобрување на правата на невработените по горенаведениот основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Анализата на првите неколку варијанти покажуваат дека белиот може да најде добар одговор и да ги парира лесно сите негови заплашувања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека пак личниот развој на секоја личност, како посебна планета во просторот на космосот, се открива преку анализа на сопствената еволуција како личност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа анализа на моќта на многумина ќе им биде тешка за прифаќање, поради сугестијата дека многу од аспектите на нашите индивидуални начини на однесување за кои тврдиме дека се израз на нашата слободна волја, или за кои тврдиме дека се против наметнатите начини на однесување, не се она што на прв поглед се чини.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во правилното разбирање на овој случај и применетата анализа за нашава методска единица, важно е да знаете, а тоа е толку јасно, дека саканиот што разговара со жената и што потоа легнува со неа не е Григори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во анализите ќе упатуваме на членот од дотичната измена и дополнување со кој се изменува, дополнува или заменува матичниот член од законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Биле направени сите можни анализи кои делови од хидроцентралата со кои методи можат да бидат уништени.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А романите Ова е мојата татковина, Мојот Американски аџилак и Орелот и штркот ги обработуваат темите од животот на македонските печалбари во Америка, а во ретроспектива авторот врши анализа на состојбата во Македонија и на искуството, доживувањата и психологијата на Македонецот во својата татковина и во туѓина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа значи дека постапката на деконструкција и анализа на формите и ситуациите од минатото функционира како генератор за новите услови за развој на поединецот внатре во рамките на колективот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во своите анализи тие сосема јасно му ставиле до знаење на политичкиот естаблишмент дека "поддршката на југословенските партизани можеше да ни ја даде најдобрата воена полза".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Многу штета е направена од теориите кои нудат многу комплексни, психолошки засновани анализи, со термини речиси сосема неразбирливи за просечен човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тешко-нетешко, јас како Македонка решив да се вратам со анализите, многу длабоко во историјата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се задлабочува во анализа на варијантите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Екологистите од „Опстанокот“ тврдат дека е неопходно итно да се направи анализа на составот на водата за да се утврди што сѐ таа содржи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некои американски анализи покажуваат дека голем процент од американските деца не прават разлика помеѓу секојдневието и телевизиската стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе