арматура (ж.)
Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Разнесените парчиња од институциите им паѓаат врз главите на луѓето, дождови од камења и арматури врнат врз нив, а тие се веселат а уште погласно извикуваат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Побрзај и благо притегни го знамето над срушената новоградба, зашто камен темелник во зидините на срцето притиска од срушената арматура што двајцата ја градевме со челични столбови закопани длабоко во душата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Арматурата во нозете попушташе, клепките бабреа и ја разредуваа светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Телото стана лесно, главата претешка, некаква внатрешна арматура попушти под тежината на ножот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сиот е од железна арматура. Остава импресивна глетка.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)